Ракометарката на Будуќност, Катарина Булатовиќ, во наредните неколку денови би требало да биде промовирана како нова членка на европскиот првак Ѓер.
Поранешниот тим на десниот бек е најупорен во инсистирањето таа да се врати во Ѓер, иако има интерес и од рускиот Ростов Дон и Шиофок.
Булатовиќ веќе играше за Ѓер пред пет сезони и ја освои титулата во Лигата на шампионите. Иако е во зрели години, сепак се уште е во одлична форма.
Лани третпат се врати во подгоричка Будуќност, а со црногорскиот првак сезонава ќе игра во четвртфиналето на елитното натпреварување.
Првата титула во ЛШ ја освои со данскиот Шлагелсе, а најголем успех со националниот тим го оствари во 2012 година, кога со Црна Гора стана европски првак.


