Кога нема Лига на шампиони нема забава? Тотална грешка. Еднонеделната пауза од најелитното европско натпреварување, дел од ракометарите ја искористија за одмор или за играње натпревари во своите домашните шампионати или купови.
Раул Гонзалес и ПСЖ викендов имаа извонредна увертира за четвртфиналната средба од Лигата на шампионите. Парижаните го освоија првиот трофеј сезонава, Купот на Фрацнија, победувајќи го Монпелје со 31:25. Погледнете го нивното славје.
Ѓер паузата од Лига на шампиони ја искористи за нов трофеј во својата колекција. Актуелниот европски првак го освои домашниот Куп совладувајќи го Дебрецен.
Руне Дамке и Стине Офтедал уживаат во својата љубовна авантура, а викендов играчот на Кил беше во Унгарија каде ја посети својата сакана.
Репрезентативката на Бразил и член на Оденсе, Џесика Кинтино паузата ја искористи за средба со својата посилна половина. Таа е заедно со футсал играчот, Марко Аурелио Перноча кој настапува во еден локален тим од Копенхаген и се пофалија на социјалните мрежи за приновата што ја очекуваат.
Дика Мем е љубител на брзи и скапи автомобили, па слободното време го искористи да се прошета со својот луксузен автомобил низ јужниот дел на Шпанија и објави слика на својот Инстаграм профил.
Кентан Мае ги покажа своите кошаркарски способности. Тој на еден тренинг на кој Веспрем се подготвуваше за дуелот со ПИК Сегед успеа да даде кош од голема далечина со ракометна топка.
Македонскиот зет Едуардо Гурбиндо батериите ги полнеше во родната Шпанија и се пофали дека ги храни гулабите во центарот на Барселона.
Паузата од Лигата на шампионите одлично ја искористи Ана Вјахирева. „Вечниот патник“ одново докажа дека обожува патувања, па така викендов времето го помина во Тбилиси.
Вид Кавтичник е расположен за наградување. Тој на својот Инстаграм профил објави слика на која бара од фановите да дадат одговор кој е означениот ракометар, а точниот одговор ќе биде награден со потпишан дрес од негова страна.


