Младиот лев бек Тоше Ончев продолжува со одличните партии во француската Трета лига и во пролетниот дел од сезоната.
Со неговиот тим Вернуј обезбедија место во плеј-офот за ранг погоре, а во 2 коло од разигрувањето загубија на гости кај составот на Фронтињан То со 42-36.
Ончев стандардно беше најдобар стрелец во неговата екипа и успеа да постигне осум голови од 11 обиди.
Во следното коло Вернуј ќе игра на домашен терен со Безансон.


