Ракометарот на Металург, кој доаѓа од Србија, Лука Стојановиќ денеска ќе има повод за славење. Тој денеска има роденден, а ќе наполни 21 година.
Стојановиќ дојде во Металург минатата сезона, но поради повреда голем дел од неа пропушти. Сезонава исто така се мачеше со повреда, но почна да игра и имаше свој придонес на теренот.
Покрај него роденден слави и Данецот од редовите на Бјерингбро, Каспер Хедергард. Тој денеска полни 30 години.
Среќен роденден Лука и Каспер!


