Милосављев на Водно собира енергија за „плинарите“ од Загреб (ФОТО)

Ракометарите на Вардар за шест дена ги очекува првата осминафинална битка од Лигата на шампионите, а ривал е хрватскиот првак Загреб.

„Црвено-црните“ момци веќе се подготвуваат за дуелот со „плинарите“, со кој се соочија два пати оваа сезона во СЕХА.

Голманот Дејан Милосављев дел од слободното време го искористи за прошетка на Водно со понежната половина и уживаше во прекрасниот поглед.

По напорните дуели во ЛШ и СЕХА, на вардарци им беше потребен мал одмор за да се подготват максимално за новите напори што ги чекаат во овие натпреварувања.

Првиот натпревар меѓу Загреб и Вардар се игра в сабота во „Арена“ со почеток во 20:30 часот.