„Македонската“ Констанца турка според планот

Тимот на Доброгеа Суд Констанца славеше на гостувањето кај Бакау со 28-31 во 23 коло од романскиот шампионат.

Иако незгодниот домаќин водеше на полувремето со 16-15, сепак во вториот дел тимот што од клупата е предводен од Звонко Шундовски, а на теренот од Никола Митревски и Велко Маркоски, направи пресврт и на крајот прослави победа.

Сега Констанца е прва на табелата со 57 бодови, додека ЧСМ Букурешт е втор со 50 бодови, но и натпревар помалку.

До крајот на регуларниот дел има уште три кола и многу веројатно е дека Констанца ќе стартува од првата позиција во плеј-офот и ќе игра со осмопласираната екипа.