Стеауа го „тепаше“ Динамо, а полицијата им ги истепа навивачите (ВИДЕО)

Полуфиналниот двобој од Купот на Романија меѓу градските ривали од Букурешт, Стеауа и Динамо заврши со победа на тимот кој сезонава играше во СЕХА со 26:25, а имаше и интервенција на полицијата, која имаше многу работa пред почетокот на средбата и за време на истата.

Натпреварот мина во израмнета игра, а победникот беше одлучен во последните моменти во кои Стеауа преку Јонут Георгеску дојде до победата.

Полицијата имаше премногу работа и пред почетокот на натпреварот, но и за време на натпреварот. Дуелот меѓу фановите и полицијата почна пред салата.

Потоа истиот продолжи и во салата за време на одигрувањето на истиот. Имаше голем прекин од три часа, па беше потребна интервенција за да може натпреварот да започне и да продолжи без проблеми на трибините, а Романија да го добие вториот финалист во Купот.

Големото ривалство меѓу Динамо и Стеауа постои долго време, а кога се работи за вакви дуели каде влогот е голем секогаш има наелектризирана атмосфера.