На 10 март во 1997 година е роден капитенот на Металург, Мартин Велковски. Играчот кој во последните месеци не настапува поради повреда денеска ќе го прослави својот 22 роденден и се очекува после комплетното заздравување одново да го облече дресот на тимот од Автокоманда.
Покрај Велковски денеска роденден слави и една од најдобрите ракометарки кои ги имала Македонија на позицијата десно крило, Валентина Радуловиќ. Таа денеска полни 44 години.
Денеска роденден слави и еден поранешен репрезентативец на Македонија. Гоце Макалоски полни 42 години. Тој беше член на тимот кој во 2009 година играше на Светското првенство во Хрватска. Во моментов е спортски директор на Прилеп.
Роденден слави и Александар Босеовски, кој ќе наполни 27 години.
Меѓу славениците денеска е и ракометарот на Чеховски медведи, Русинот Тимофеј Маслеников. Тој денеска ќе наполни 22 години.
Исто како Тимофеј и Мартин, својот 22 роденден денеска ќе го прослави и Данецот Емил Нилсен, кој игра за екипата на Скјерн.
И Шпанецот од тимот на Спортинг Карлос Руесга денеска исто така ќе слави роденден, а тој полни 34 години. Неговиот соиграч од клубот од Лисабон, Бразилецот Фабио Роча Чиуфа ќе наполни 30 години, додека ракометарот на ПСЖ, Французинот Адриен Шарлет полни 20 години.
Среќен роденден Мартин, Валентина, Гоце, Александар, Тимофеј, Емил, Карлос, Фабио и Адриен!


