Елиминација за Нант и Лазаров од Купот на Франција

Тимот на Нант каде настапува капитенот на македонската репрезентација, Кире Лазаров, загуби во четвртфиналето на Купот на Франција од Шамбери со 36-32.

Оваа елиминација се навестуваше уште по првиот дел кога домашниот тим успеа да поведе со пет голови разлика, 20-15.

Покрај Шамбери, место на завршниот турнир обезбеди Данкерк по победата над Екс со 26-23, како и второлигашот Нанси, кој го победи Саран со 33-29.

Последниот патник на Ф4 ќе биде познат по одигувањето на најинтересниот дуел меѓу Монпелје и ПСЖ.