Ракометарката на Куманово, Бранкица Марковиќ ја предводи денешната листа на ракометари и ракометарки коишто имаат роденден. Марковиќ денеска ќе наполни 22 години.
Играчот на Барселона, Шпанецот Канет Ориол Бланко, пак, денеска ќе го прослави својо 20. роденден.
Меѓу славениците е и Словенецот од Спортинг Лисабон, Аљоша Чудиќ, кој денеска ќе го прослави својот 31. роденден.
На списокот се и две ракометарки на Ѓер. И двете се Унгарки, но во сосема различни генерации. Емоке Варга денеска ќе наполни 19 години, додека Бернадет Боди 33 години.
Среќен роденден Бранкица, Канет, Аљоша, Емоке и Бернадет!


