Среќен роденден Диви!

Голманот кој беше дел од сите поголеми успеси на македонскиот ракомет и на клупски и на репрезентативен план, Петар Ангелов – Диви денеска прославува роденден. Диви кој е играч на Ратинген во Германија денеска ќе наполни 42 години. Тој и понатаму покажува дека може да брани на врвно ниво така што е еден од играчите кои се најдобри во тимот на Ратинген.

На списокот на славеници се уште три ракометарки.

Норвежанката која игра за тимот на Ларвик, Хедвиг Рисер Хеге станува полнолетна. Исто така полнолетство слави и Шарлин Инијал. Се работи за Французинка која го носи дресот на екипата на Брест.

Тука е и искусната Норвежанка од Копенхаген, Емили Станг Сандо. Таа денеска полни 30 години.

Среќен роденден Петар, Хедвиг, Шарлин и Емили!