Роденденските честитки продолжуваат, а денеска ден за славење имаат и две млади ракометарки кои настапуваат во домашното првенство. И двете денеска стануваат полнолетни и за нив ова е голем ден.
Едната ракометарка е Ана Марија Андонова, која го носи дресот на Спартак, додека другата е Стефани Спиркоска од составот на Деспина. Тие се претставнички на ракометарките од Македонија, додека на списокот се уште неколку ракометари и една ракометарка од другите земји.
Роденден слави и Дмутро Тјутјуник од Украина. Тој ме соиграч на Жарко Пешевски во Мотор, а денеска полни 26 години. Ден за прослава на роденден има и Максим Бабичев. Белорусинот кој го носи дресот исто така на Мотор ќе наполни 33 години.
Што се однесува до Владан Липовина, тој е соиграч на Филип Талески во Рајн Некар. Црногорецот денеска го прославува својот 26 роденден.
Унгарката која го носи дресот на Ѓер, Дора Келерман денеска ќе наполни 19 години.
Среќен роденден Ана Марија, Стефани, Дмутро, Максим, Владан и Дора!


