Лазаров најдобар, но попусто – ПСЖ го „нокаутира“ Нант!

Тимот на ПСЖ без особени проблеми славеше во дербито од францускиот шампионат над составот на Нант со 34-29, иако во еден момент од натпреварот имаше водство од 11 голови.

Гостинските ракометари само на почетокот на првиот дел успеваа да одржуваат рамнотежа на теренот. Нант водеше со 3-5, 4-6 и потоа се тргна наопаку. Омејер се разбрани, Сагосен и Степанчиќ се рашутираа и најавата на дебаклот за Нант почна. До паузата „светците“ обезбедија +6, 19-13.

Во вториот дел се очекуваше поголем отпор од Нант, но на теренот беше токму спротивна ситуација. ПСЖ се одлепи на +11, 31-20, а до крајот без никакви проблеми само ја одржуваше предноста до конечните 34-29.

Кире Лазаров беше најдобар стрелец кај Нант со пет погодоци, заедно со Њокас и Гурбиндо, додека кај ПСЖ десниот бек во заминување, Лука Степанчиќ постигна девет, а Сагосен даде шест погодоци.