Нов ден и нова можност за честитање на родендени, а списокот на честитки почнува со кадетската репрезентативка на Македонија, Андреа Седлоска. Ракометарката на Вардар денеска го прославува својот 16 роденден.
Младата ракометарка на Овче Поле, Мартина Вучевска, пак, е десет години помлада од него. Таа денеска ќе го прослави својот 15. роденден.
Јана Паковска, која е дел од екипата на Металург, пак, го слави својот 16. роденден.
Роденден слави и репрезентативецот на Хрватска и ракометар на Келце, Марко Мамиќ. Тој денеска полни 25 години.
Ракометарката на Ростов Дон, Русинката Милана Таженова денеска ќе наполни 20 години.
Списокот го затвора Норвежанецот Емил Кери Имсгарс. Ракометарот на Елверум денеска го прославува својот 21. роденден.
Среќен роденден Марко, Мартина, Јана, Милана и Емил!


