Најдени замени за Неагу и Куртовиќ: Ајронмен и Бетмен го „засилија“ ЧСМ Букурешт (ФОТО)

На романскиот ЧСМ Букурешт очајно му треба херој. Без Кристина Неагу и Аманда Куртовиќ, кои ќе бидат надвор од теренот до крајот на сезоната, тимот на Драган Ѓукиќ игра многу лошо во Лигата на шампионите.

Поразот од Крим минатата седмица не беше толку трагичен, бидејќи ЧСМ Букурешт во последното коло игра дома со Турингер, но веќе го обезбеди местото во четвртфиналето, само не е познато на кое место ќе заврши во групата.

За да го надоместат отсуството на Неагу и Куртовиќ, ракометарките се „засилија“ со Ајронмен и Бетмен пред дуелот со германскиот шампион.