Селекторот на женската репрезентација на Македонија и стратег кој направи многу со националниот тим во минатата година денеска го прославува својот роденден. Симе Симовски полни 48 години.
Денеска роденден слави и ракометарот на Еурофарм Работник, кој во текот на зимскиот преоден рок пристигна во клубот. Украинецот Владислав Остроушко полни 33 години.
Ракометарката на Овче Поле, Ребека Костова, пак, ќе наполни 17 години.
На списокот на славеници има уште неколку ракометари и ракометарки од странство. Соиграчот на Кирил Лазаров во Нант, Ромаин Лагард денеска ќе наполни 22 години. Играчот на Скјерн, пак, Данецот Матијас Глисе Јенсен ќе го прослави исто так 22 роденден.
Швеѓанката Луис Рундкранц која игра за Савехоф, пак, денеска ќе го прославува својот 19 роденден.
Среќен роденден Симе, Владислав, Ребека, Ромаин, Матијас и Луис!


