Екипата на Мешков Брест е следниот противник на Вардар во СЕХА-лигата. Тимот од Белорусија гостува во Скопје каде ќе биде одигран меч во кој гостите мора да влезат максимално за да се обидат да дојдат до бодови за задржување на 4. позиција на табелата.
Ќе биде тешко со оглед на тоа што и двете екипи имаа тешки средби викендов во Лигата на шампионите, а и двата тима успеаја да победат и да го потврдат местото во осминафиналето.
После мечот против Кристијанштад беше интересно во соблекувалната на Мешков Брест, а еден од највеселите беше поранешниот ракометар на Металург и интернационалец од Србија, Дарко Ѓукиќ. Покажа дека знае и одлично да танцува, а тоа беше објавено и на инстаграм профилот на тимот на Мешков Брест.
Сега погледнете го како танцува, а подоцна против Вардар ќе можете да видите и како игра на теренот. Ќе имате шанса да видите каде ќе се снајде подобро.


