На 4 март се родени неколку ракометари и ракометарки од кои повеќето се од Македонија.
Листата ја предводи голманот на Еурофарм Работник, Градимир Чаневски. Најубавата честитка ја доби вчера од колегите со победата над тимот на Нексе во рамки на Купот на ЕХФ. Чаневски денеска полни 31 година.
Кадетскиот репрезентативец на Македонија, Ненад Костески, пак, денеска станува полнолетен. Ракометарот кој настапува за Струга е роден во 2001 година.
Пивотот на Куманово, Сања Дабевска исто така слави роденден, а денеска ќе полни 23 години.
И ракометарката на Деспина, Сара Богеска е меѓу славеничките, а таа ќе наполни 22 години.
Соиграчот на Митревски и Маркоски во Констанца, Романецот Андреј Сусану денеска ќе го прослави својот 21 роденден. Исто така 21. роденден слави и Нина Забјек. Се работи за репрезентативка на Словенија која го носи дресот на Крим и е соиграч на Сара Ристовска.
Норвежанката Малин Ауне денеска ќе наполни 24 години. Таа е ракометарка на тимот на Кристијансанд, кој се натпреварува во Лигата на шампионите. На списокот е и Мари-Пол Гнабују. Французинката која настапува за Крим полни 31 година.
Среќен роденден Градимир, Ненад, Сања, Сара, Андреј, Нина, Малин и Мари-Пол!


