Ракометарот на Еурофарм Работник, Дејан Пецаковски, кој во моментов е надвор од ракометните терени поради повреда, сепак има причина за задоволство.
Пред три дена, тој по вторпат стана татко, иако не беше присутен кога неговиот син Део се роди, бидејќи се наоѓа на рехабилитација во Словенија.
Неговата сопруга, Сања Ристиќ ја сподели радосната вест на социјалните медиуми.



