Саздовска и Турингер со висок пораз од Кристиансанд

Јована Саздовска и нејзиниот Турингер и понатаму доживуваат дебакли во Лигата на шампионите. Најновиот пристигна во предпоследното коло од групната фаза и тоа против мотивираниот Кристиансанд кој на гости го уништи германскиот првак со 29:21.

Турингер беше прегазен и уште по првиот дел имаше голема негатива од 17:9. Саздовска стрелаше еднаш, а и петте погодоци на Емили Блок не беа доволни за подигнување на самодовербата кај германскиот шампион. Лесната победа на Кристијансанд беше обележана шестте гола на Силије Вааде, а по пет дадоа, Лин Суланд, Хени Ела Реистад.

Сега Турингер остана длабоко на дното на главната група, додека со оваа победа, Кристиансанд се искачи на втората позиција и во следното коло ќе се обиде да ја задржи на гости против Ѓер. Турингер предизвиците од Лигата на шампионките ги завршува на гости против ЧСМ Букурешт.