Предпоследното коло од Лигата на шампионите го обележа дерби натпреварот помеѓу двата најсилни унгарски екипи. Актуелниот европски шампион, Ѓер на свој терен го дочека Фернецварош, а дуелот заврши со нерешен исход 32:32.
Ѓер сосема очекувано подобро го стартуваше натпреварот. После стартните 3:3, домаќините ја преземаа иницијативата и дојдоа до првата повисока предност. Но, Ференцварош покажа дека не е наивен и не му дозволуваше на Ѓер да дојде до повисока предност од три гола, а по првите 30 минути резултатот гласеше 15:13 во корист на домаќинот.
Во вториот дел Ференцварош почна да влегува во ритам. Гостинките лавовски се бореа со противникот, и истото се исплатеше бидејќи во 53. минута Ференцварош дојде до водство од 30:29. Европскиот шампион не би бил шампион ако туку така би си дозволил „од готово вересија“, па набрзо се врати, а во последната секунда имаше и шут за победа, но непрецизен.
Ференцварош со ова направи мал подвиг, а во ова остварување беа водени главно од Пена Абауреа која погоди 12 пати. Кај Ѓер со шест гола најефикасна беше Крина Пинтеа. И двете екипи имаат обезбедено пласман во четвртфиналето. Ѓер фазата по групи ќе ја финишира во следното коло во кое на гости ќе го дочека Кристијансанд. Ференцварош ќе брка победа против Крим на домашен терен.


