Среќен роденден Зоки!

Поранешниот селекторот на женската селекција на Македонија и поранешен тренер на Вардар, Зоран Кастратовиќ денеска слави роденден. Во кариерата беше тренер и на голем дел од младите ракометари кои настапуваа за тимот на Кометал Ѓорче Петров, а беше селектор и на селекцијата на Црна Гора. Тој денеска полни 53 години. Зоки е долго во македонскиот ракомет како тренер, а покрај тоа на последните големи натпревања беше и стручен коментатор за 24 Ракомет.

Соиграчот на Филип Талески во тимот на Рајн Некар, Богдан Радивојевиќ денеска ќе има можност својот 26 роденден да го прослави со колегите во Барселона.

Тој е роден во 1993 година, а распоредот во Лигата на шампионите сакаше роденденот да го слави на гостување. Ова ќе биде одлична можност, но со оглед на тоа што противникот е фаворит дефинитивно ќе биде тешко да го прослави со победа.

Среќен роденден Зоран и Богдан!