Во претпоследното коло од Лигата на шампионите во женска конкуренција ќе биде отстранета и последната дилема околу четврт-финалистите. Одензе и Копенхаген во меѓусебна пресметка ќе одлучат кој оди понатаму, а тоа е се чини најправилниот начин да е види кој има повеќе од играта.
Според ситуацијата која владее на табелата се работи за израмнети состави, но дефинитивно денеска некој од тимовите ќе има што да покаже. Предноста оди кај Одензе поради домашниот терен така што сигурно ќе биде интересно, а кој ќе успее да се израдува ќе се види некаде околу 16 часот.
Другите тимови кои ќе играат во четврт-финалето се веќе познати, а неизвесен останува пласманот. Ѓер е единствениот тим што не може да се помести, додека другите состави уште имаат шанси да одат барем позиција повисоко.
ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ЖЕНИ
ВТОРА ФАЗА
ДВОЈКИ ЗА 5. КОЛО
ГРУПА 1
САБОТА, 2 МАРТ
14:30ч
ОДЕНЗЕ – КОПЕНХАГЕН
НЕДЕЛА, 3 МАРТ
15:00ч
МЕЦ – БРЕСТ
19:00ч
БУДУЌНОСТ – РОСТОВ ДОН
ТАБЕЛА: 1. Мец 13 бода (227:180); 2. Ростов Дон 11 (213:202); 3. Будуќност 10 (203:203); 4. Копенхаген 6 (212:222); 5. Одензе 6 (202:219); 6. Брест 2 (205:236).
ГРУПА 2
САБОТА, 2 МАРТ
15:00ч
КРИМ МЕРКАТОР – ЦСМ БУКУРЕШТ
19:30ч
ЃЕР – ФТЦ РАИЛ КАРГО
НЕДЕЛА, 3 МАРТ
14:00ч
ТУРИНГЕР – КРИСТИЈАНСАНД
ТАБЕЛА: 1. Ѓер 15 бода (268:209); 2. Кристијансанд 10 (233:211); 3. ЦСМ Букурешт 10 (247:236); 4. ФТЦ Раил Карго 9 (235:247), 5. Крим Меркатор 3 (193:228); 6. Турингер 1 (211:256).


