Како што се очекуваше, денеска и официјално беше потврден трансферот на норвешката репрезентативка Нора Мерк во романскиот шампион ЧСМ Букурешт, со кој потпиша двегодишен договор.
Со тоа се комплетираше и трампата на десни бекови меѓу Ѓер и ЧСМ, во која Куртовиќ замина во Унгарија, а Мерк во спротивен правец.
„Имам поголема мотивација од било кога. Сакам да се вратам што подобра на теренот, да се развивам уште повеќе и да ја продолжам кариерата. Верувам во мојот нов тим, можеме да постигнеме добри резултати“, вели Мерк.
ЧСМ Букурешт на крајот на оваа сезона останува без Барбара Лазовиќ на десната бековска позиција, па Мерк сигурно ќе го има првотимскиот статус.


