Кога нема фудбал, може да се гледа и ракомет (ФОТО)

Познатиот тренер и поранешен фудбалер, Валери Карпин присуствуваше на мечот од руската Супер лига помеѓу Ростов Дон и Звезда Звенигород. Карпин гледаше од трибините, а Ростов Дон славеше со 27:25.

Валери Карпин во моментов е тренер на фудбалскиот тим на Ростов. Но поради тоа што немаше обврски со фудбалскиот клуб, се реши да гледа ракометен натпревар.

Во посетата на ракометниот натпревар, Карпин разговараше и со стратегот на клупата на Ростов Дон, Амброс Мартин, па двајцата тренери си посакаа успех во понатамошната работа.

Екс фудбалската ѕвезда во Русија, голем дел од кариерата ја помина во Шпанија па оттаму успеа да размени неколку шпански зборови со Амброс Мартин.