Репрезентативката на Македонија, која настапува на пивотменската позиција, Ивана Гакидова ја предводи долгата листа на славеници. Таа е една од неколкуте ракометари и ракометарки од цела Европа кои денеска слават родендени.
Ивана Гакидова денеска ќе наполни 24 години!
Голманот на репрезентацијата на Словенија и на тимот на ППД Загреб, Урх Кастелиц денеска во Скопје против тимот на Вардар ќе има можност да го прослави својот 23 роденден.
Немања Зеленовиќ, кој е репрезентативец на Србија, пак, полни 29 години. Исто толку полни и ракометарката на Брест, Французинката Елоди Ле Калве.
Својот 18 роденден денеска го прославува Унгарката Лука Хафра. Таа е ракометарка на тимот на ФТЦ Раил Карго.
Марија Шмит Ликегард, која е ракометарка на Копенхаген денеска ќе наполни 23 години. За разлика од ракометарката од Данска, Австријката Беате Шефкнехт го прославува својот 29 роденден. Инаку, таа е член на тимот на Турингер каде настапува и Јована Саздовска.
На списокот на славеници се наоѓа и Сипријан Санду. Романецот настапува за Динамо Букурешт, а ќе наполни 28 години.
Среќен роденден Ивана, Урх, Немања, Елоди, Лука, Марија, Беате и Сипријан!


