Монпелје во победничка атмосфера доаѓа во Скопје

Возбудувањата од најсилната лига на Франција продолжија во текот на оваа седмица. На програмата беа пет натпревари во кои имаше интересен ракомет. Големите имиња, ПСЖ и Монпелје целосно ги надиграа своите противници и лесно стигнаа до бодовите, а последнопласираниот Истр го совлада Екс.

Монпелје се загреа со убедлив триумф пред Вардар. Актуелниот европски првак, немаше тешка задача против солидниот Сен Рафаел и на гости славеше со 32:24. Момците на Патрис Канаје, на полувреме си обезбедија предност од 19:10, а потоа лесно го привршија натпреварот. Со оваа победа, Монпелје се искачи на втората позиција, но Нант има еден натпревар помалку.

ПСЖ имаше проблеми само едно полувреме. „Светците“ играа на гости против Трембле и по негативата од 13:12 на полувреме направија пресврт и убедливо славеа (34:23). Сандер Сагосен погоди осумпати, а Уве Генсхајмер беше стрелец на шест. Парижаните останаа на првата позиција и имаат четири бода повеќе од Монпелје.

Резултати:

Истр – Екс 25:24 (7:12)

Шамбери – Понто Комбо 28:18 (11:10)

Тулуз – Рен 36:26 (21:14)

Трембле – ПСЖ 23:34 (13:12)

Сен Рафаел – Монпелје 24:32 (10:19)

Табела: 1. ПСЖ 31 (+105), 2. Монпелје 27 (+46), 3. Нант 26 (+53, – 1.меч), 4. Шамбери 23 (+41), Ним 23 (+24, – 1.меч)…