Среќен роденден Давор и Дона!

Ракометарот кој беше дел од репрезентацијата на Македонија до 20 години која во 2017 година го освои 6. место на Мундијалот во Алжир, Давор Палевски ја предводи денешната листа на славеници. Тој денеска полни 22 години.

Покрај тоа роденден денеска слави и Дона Алушовска. Ракометарката која во есенскиот дел настапуваше за екипата на Цемс, денеска полни 18 години.

Роденден денеска има и ракометарката на Ларвик, Норвежанката Сара Мелер. Таа денеска ќе го прослави својот 25 роденден.

Швеѓанката Хелге Фрајман од Кристијанштад која е колешка на Дајана Јовановска ќе наполни 27 години.

Играчот на Елверум, Мортен Нергард е највозрасен меѓу денешните славеници. Норвежанецот полни 32 години.

Среќен роденден Давор, Дона, Сара, Хелге и Мортен!