Среќен роденден Ѓурѓина!

На 24 февруари на списокот на славеници се најдоа неколку ракометари и ракометарки, а нив ги предводи Ѓурѓина Јауковиќ од тимот на Будуќност. Репрезентативката на Црна Гора денеска полни 22 години.

Ракометарот од Хрватска, Јосип Шарац кој е дел од тимот на Целје, пак, го прославува својот 21 роденден, а толку години полни и Унгарецот Золтан Шилаги, кој е член на екипата на Пик Сегед.

Полнолетство денеска слави Алоис Маулон. Тој е играч од Франција кој е клупски колега на Кире Лазаров во Нант.

Највозрасниот меѓу денешните славеници е Аљоша Резар. Словенецот кој игра за Бјерингбор Силкеборг денеска полни 36 години. За разлика од него Швајцарецот Штефан Хувилер, кој е член на Вакер Тун денеска го прославува својот 26 роденден.

Среќен роденден Ѓурѓина, Јосип, Золтан, Алоис, Аљоша и Штефан!