Среќен роденден Симона, Спаско и Глигор!

Две ракометарки, тројца ракометари и една судиск двојка од Македонија денеска прославуваат роденден така што дел од нив ќе имаат можност тоа да го направат и на натпревар за својот клуб.

Поранешната репрезентативка на Македонија, Симона Николовска денеска полни 28 години. Таа во моментов игра во Германија во составот на Вајблинген, а е ракометарка која во кариерата настапуваше за тимовите на Ѓорче Петров и за Металург.

Судиите од Македонија, Глигор и Спаско Ќаеви денеска исто така имаат роденден, а тие полнат 40 години. Ќаеви се дел од натпреварите од домашниот шампионат речиси две децении.

Романката Мадалина Јон која настапува во редовите на ЦСМ Букурешт денеска полни 23 години. Таа е единствената ракометарка денеска со роденден, додека другите тројца се ракометари.

Романецот кој го носи дресот на Барселона, Марк Даниел Бодор денеска ќе наполни 19 години.

Својот 28 роденден го слави Србинот Зоран Николиќ, кој е соиграч на Митревски и Маркоски во редовите на Констанца.

Арциом Кулам од Мешков Брест го затвора списокот. Белорусинот денеска го слави својот 23 роденден.

Среќен роденден Симона, Спаско, Глигор, Мадалина, Марк, Зоран и Арциом!