Среќен роденден Филип!

На 22 февруари на нашиот список имаме седум ракометари кои ќе прославуваат роденден, а листата ја предводи ракометарот на Еурофарм Работник, Филип Чурлевски.

Репрезентативецот на Македонија, кој своето деби во сениорската репрезентација го забележа на Мундијалот во Германија и во Данска денеска полни 27 години. Тој поради повреда го пропушти дуелот со Татабања и недостигаше во нападот на Еурофарм Работник.

Покрај него денеска роденден слави и сега веќе екс-играчот на Металург, Гонзало Рибеиро кој полни 22 години. Тука е и соиграчот на Кирил Лазаров во Нант, Валеро Ривера, кој полни 34 години.

Најмлад на денешниот список на играчи кои слават роденден е ракометарот на ПСЖ, Кени Вермонт. Французинот денеска станува полнолетен.

Словенецот Матич Косец кој игра за Целје полни 19 години, додека Норвежанецот Стијан Моген од Елверум ќе наполни 20 години. Исто така својот 20. роденден го прославува и Французинот од ПСЖ, Луис Десперо.

Среќен роденден Фили, Гонзало, Валеро, Кени, Матич, Стијан и Луис!