Раул купуваше од Барселона: Шипжак потпиша за ПСЖ

Полскиот репрезентативен пивотмен Камил Шипжак, иако беше поврзуван со Монпелје, Нант и Вардар, сепак потпиша за шампионот ПСЖ.

Тој не ја добиваше потребната минутажа во Барселона од Чави Пасквал, па не го продолжи договорот и на лето се сели во Франција. Шипжак потпиша двегодишен договор со ПСЖ и ќе им прави друштво на линијата на Лука Карабатиќ и Хенрик Тофт Хансен.

Тој најчесто добиваше шанса во Асобал лигата, а во ЛШ одигра не беше во ростерот на сите натпревари. Претходно одигра неколку одлични сезони во дресот на Висла Плоцк во најелитното европско натпреварување.