„Џомба“ најдобар – но ЧСМ Букурешт поразен во градското дерби од Стеауа

Тимот на ЧСМ Букурешт пропушти голема шанса да се приближи кон првото место во романскиот шампионат и продолжи да игра во стилот топло-ладно.

Екипата каде настапува македонското десно крило Гоце Георгиевски загуби дома во градското дерби на 18 коло од Стеауа Букурешт со 25-28.

Нашиот репрезентативец беше прв стрелец со шест погодоци од седум обиди, но џабе, бидејќи неговиот тим остана без бодови.

Констанца е прва на табелата со 45 бодови од 19 меча, додека ЧСМ Букурешт е втор со 40 бодови, но и натпревар помалку.