Што вкусно ќе јадеме денес? – Ќе ви каже „шефот“ Хорхе Македа (ВИДЕО)

Поранешниот ракометар на Вардар, Хорхе Македа, додека живееше во Скопје, честопати ги објавуваше на социјалните мрежи неговите специјалитети. Мајсториите на теренот и во кујната сега ги покажува во Унгарија, каде настапува за шампионот ПИК Сегед.

„Ќе направам шпански омлет со јајца и кромид. Како дете секогаш помагав во кујната. Кога со моето семејство одевме некаде, мојот чичко секогаш готвеше, а јас бев околу него и научив се за готвењето“ вели Македа.

Во интервјуто за унгарската телевизија М4, тој откри дека од унгарските специјалитети најмногу сака супа од гулаш.

Погледнете како готви Македа ТУКА.