И покрај лошите резултати во Купот на ЕХФ, тимот на Констанца игра одлично во романскиот шампионат.
Тимот предводен од Звонко Шундовски, во кој настапуваат и двајцата македонски репрезентативци Никола Митревски и Велко Маркоски, забележа гостинска победа над Темишвар со 27-30.
Митревски бранеше на крајот на првото и цело второ полувреме, а собра 11 интервенции.
По 19 одиграни натпревари Констанца на првото место на табелата има 45 бодови, додека втор е ЧСМ Букурешт со 40, но и два меча помалку.
Следен предизвик за „македонската“ екипа во Романија ќе биде домашниот натпревар против Сучеава.


