Тимот на Ница, кој е предводен од македонскиот стратег Марјан Колев, забележа важна победа на домашен терен во 17 коло од францускиот шампионат.
Ница славеше против фаворизираниот тим на Брест Бретањ со убедливи 25-17, иако во првото полувреме губеше со 11-13.
Во вториот дел челичната одбрана на домаќинките прими само четири голови, а постигна дури 14 погодоци!
Мец има 51 бод на првата позиција, Брест е се уште втор со 46 бода, додека Ница остана трета но сега има минус 4 од второто место, 42. Во следното коло Ница ќе игра на гости кај Тулон.


