Македонската репрезентативка Ивана Гакидова игра во одлична форма оваа сезона во дресот на Стела Сен Маур.
Во последното коло од регуларниот дел на групата 1 во француската Втора лига, Сен Маур славеше на гости кај Ле Авр со 19-20.
Гакидова беше најдобар стрелец во гостинската победа и постигна шест погодоци, па Сен Маур го фати последниот воз за место во плеј-оф.
Заедно со првите три екипи од нивната група и четирите најдобри од група 2, ќе разигруваат за мето во елитната француска лига во женска конкуренција.


