Неколку ѕвезди на европскиот и светскиот ракомет денеска ќе имаат ден за славење. Се работи за четворица ракометари и една ракометарка.
Највозрасниот во групата е десното крило на Барселона и неколкугодишен капитен, Виктор Томас. Тој денеска полни 34 години и го отвора списокот на славеници.
Драшко Ненадиќ, репрезентативецот на Србија кој го носи дресот на Целје ќе го прослави 29 роденден.
Младиот ракометар на Металург, кој е кадетски репрезентативец на Србија, Предраг Мијатовиќ, пак, денеска полни 17 години.
Роденден слави и Андреј Белјаев од Русија, кој настапува за екипата на Чеховски медведи. Се работи за играч кој денеска ќе има точно 21 година.
Единствената ракометарка која денеска слави роденден е Норвежанката од Ѓер, Кари Скар Братсет. Таа го прославува 28. роденден.
Среќен роденден Виктор, Драшко, Предраг, Андреј и Кари!


