Среќен роденден Невен, Симон…

Продолжуваат честиките на родендени на ракометарите од Македонија, но и од другите земји. За денеска има честитки за четворица ракометари од кои двајца играат во првенството на Македонија.

Младиот ракометар на Металург 2, Симон Прентоски денеска полни 17 години.

За разлика од него засилувањето на Еурофарм Работник од БиХ, Невен Стјепановиќ на три дена до дуелот со Татабања ќе го прослави својот 26 роденден.

Прослава ќе има и во Мешков Брест. Денис Рутенка. Искусниот играч од Белорусија ќе наполни 33 години.

На денешниот список на родендени, сепак, најискусен е голманот на Динамо Букурешт, Тунижанецот Макрем Мисауи, кој ќе го прослави 38 роденден.

Среќен роденден Симон, Невен, Денис и Макрем!