Франција: Монпелје се извлече за влакно, ПСЖ незапирлив во походот кон титулата

После паузата, возбудувањата во најсилната лига на Франција продолжија по старо темпо. На програмата, беа пет натпревари во кои гледачите имаа можност да воздивнуваат и да се радуваат на мајсториите на некои од најголемите ракометни имиња.

Со победа после паузата, се врати Монпелје. Момците на Патрис Канаје го совладаа Истр на гости со 30:31 и во голема неизвесност ги однесоа бодовите. По првиот дел, Монпелје беше подобар противник и водеше со 17:14. Истр силно мотивиран, одлично влезе во второто полувреме и успеа да ја надомести негативата, а при крајот се бореше и за победа. На една минута до крајот, Истр имаше напад за водство кој не беше искористен, а Монпелје преку контранапад кој го реализираше Мишел Гигу ја однесе минималната победа.

За Раул и ПСЖ, тимовите во Франција немаат лек. Тимот од Париз ја забележа тринаесеттата победа во лигата, а жртва беше Данкерк. Мирно и доминантно, парижаните на полувремето стигнаа до водство од 17:9, за до крајот малку да го намалат темпото и да победат со 30:23. Недим Ремили со седум и Лук Абало со четири беа најзаслужни за победата на својот тим. На другата страна, Том Пелајо погоди петпати, додека четири беа дело на Баптист Буто.

РЕЗУЛТАТИ:

Истр – Монпеље 30:31

Ним – Сен Рафаел 30:28

Иври – Рен 18:18

Понто Комбо – Екс 28:29

Трембле – Тулуз 23:35

ПСЖ – Данкерк 30:23

Табела: 1. ПСЖ 27 (+89), 2. Монпелје 23 (+36), 3. Нант 22 (+43, – 1 меч), 4. Шамбери 21 (+35, – 1 меч), 5. Ним 21 (+17)…