Среќен роденден Стефан!

Ракометарот на Пролет на позицијата лево крило, Стефан Трајковски денеска ја предводи листата на ракометари и ракометарки кои слават роденден.

Трајковски денеска полни 28 години, а тој е еден од ракометарите кои се меѓу најстандардните во редовите на суперлигашот од Скопје.

Покрај него роденден слави и ракометарката на Савехоф, Ела Фрикмер. Швеѓанката полни 20 години.

Алекс Гарсија Пасквал е еден од играчите кои се на поширокиот список на Барселона. Младиот Шпанец денеска ќе го прослави својот 19. роденден.

Унгарецот Патрик Лигети, кој како позајмен играч од Веспрем игра за Адемар Леон во Асобал лигата денеска исто така има роденден, а полни 23 години.

Среќен роденден Стефан, Ела, Алекс и Патрик!