Екипата на Монпелје официјално го објави продолжувањето на договорот со својот десен бек, Мелвин Ричарсон. Со новиот договор, младиот и талентиран ракометар ќе биде дел од актуелниот освојувач на Лигата на шампионите до јуни 2021 година.
Синот на познатиот, Џексон Ричардсон, имаше понуди од голем број на силни европски тимови, но реши да ја продолжи соработката со Монпелје.
По потпишувањето на новиот договор, талентираниот десен бек не го сокри задоволството и истакна дека овој потег многу ќе му помогне да напредува.
„Многу сум среќен што ќе бидам дел од овој тим уште две нови сезони. Целта ми беше да го положам испитот, да добијам ново искуство и да напредувам. Доживеав неверојатни моменти од моето доаѓање овде до денес. Сè уште имам недовршена работа овде, а Монпелје е совршено место каде ќе ги исполнам сите мои цели“, изјави Ричарсон за официјалниот сајт на клубот.
Во екипата на Монпелје, Ричарсон пристигна во 2017 година, а пред тоа својот потенцијал совршено го покажуваше во Шамбери каде ја почна својата кариера.


