По долгата пауза поради натпреварите од Светското првенство, дел од тимовите во Франција се вратија на сцена. Стартуваа осминафиналните пресметки од купот на Франција, а резултатите поминаа според очекувањата бидејќи фаворитите не дозволија никакви изненадувања и успешно се пласираа меѓу осумте најдобри.
Актуелниот европски шампион во својот прв официјален натпревар во 2019 година одгработи успешно. Момците на Патрис Канаје, како противник, во оваа фаза од Купот на Франција го имаа Истрес. Последнопласираните во лигата, почнаа добро, но Монпелје брзо стигна до сигурна позитива и славеше со 30:23. Монпелке е во четврт-финалето, додека Истрес своето внимание го насочува кон битката за опстанок во лигата.
Прволигашот, Екс лесно се најде помеѓу најдобрите осум. Екипата на Шарт, која игра во Втората лига на Франција не можеше со далеку посилниот противник и претрпе убедлив пораз. Екс славеше со 35:21.
Најинтересниот натпревар го одиграа, Данкерк и Тулуз. Двата прволигаши ги одмерија силите, а победникот го одлучуваа пеналите. Двете екипи жестоко се надигруваа, но не успеваа во обидите да направат резултатска разлика со што ќе излезат како победници. Регуларниот дел заврши со резултат 27:27, по што следуваа пенали во кои со 4:3 поуспешен беше домаќинот.
РЕЗУЛТАТИ:
МОНПЕЛЈЕ – ИСТРЕС 30:23
ЕКС – ШАРТ 35:21
ДАНКЕРК – ТУЛУЗ 27:27 (пенали, 4:3)
САРАН – МАСИ ЕСОН 28:25


