Штутгарт „грабна“ соиграч на Лазаров

Екипата на Штутгарт си најде засилување во ракометар на Нант, кој беше позајмен во екипата на Рен. За тимот од Германија потпиша Унгарецот Рудолф Фалувеги, па тој ќе биде играч кој треба да донесе промена на позицијата лев бек.

Играчот кој има 25 години во Штутгарт ќе ги помине следните две сезони, а во Нант со сигурност не би добил голема минутажа со оглед на тоа што тренерот, Тиери Анти не му даде премногу шанси за докажување иако имаше добар старт.

Штутгарт, ќе биде шестти клуб во кариерата на Рудолф Фалувеги откако во минатото ги носеше дресот на: ПЛЕР, Балатонфиреди, Чурго, Нант и Рен (каде ќе настапува до крајот на сезоната како позајмен од Нант). За репрезентацијата на Унгарија, на 14 настапи погоди 22 гола.