Не се само Динамо Букурешт и Порто: Данкерк го бара Танкоски на позајмица

Романскиот шампион Динамо Букурешт и португалскиот тим Порто не се единствените што го бараат левиот бек на Металург – Марио Танкоски, во своите редови.

Поранешниот француски шампион Данкерк, исто така е на листата на тимови што го посакува во своите редови стружанецот, кој на СП во Германија дебитираше и за сениорската репрезентација.

Тој со своите игри во Лигата на шампионите и во регионалната СЕХА лига го привлече вниманието на европските клубови, па сега се редат понудите.

Тимот од Автокоманда за да се откаже од услугите на стружанецот бара оштета, а иако го чекаат битки во домашниот шампионат и Куп, сепак е подготвен да го пушти Танкоски.

Данкерк на левата бековска позиција ги има Бразилецот Аниел Лангаро, кој блескаше на СП, како и искустниот Унгарец Корнел Наѓ, кој не беше дел од ростерот на последните натпревари.