Ракометарите на Металург денеска загубија од тимот на ППД Загреб со 24:36, но тоа не ја влоши атмосферата. Играчите после средбата имаа славеничка атмосфера бидејќи двајца од нив вчера прославуваа роденден.
Никола Даниловски и Миха Пучник беа играчите на кои клубот им го честиташе роденденот, а како изгледаше во соблекувалната можете да погледнете во видеото во продолжение.


