Денеска, голманот на екипата на Металург, кој е поранешен член на младинската репрезентација на Македонија, полни 22 години.
Никола Даниловски беше дел од репрезентацијата која го освои 6. место на Светското првенство за младинци во Алжир во 2017 година, а тоа е досега неговиот најголем успех во кариерата.
Во Металург заедно со Томовски се неразделив дел од голманската позиција, а сезонава имаше одлични партии особено во Лигата на шампионите.
Потекнува од школата на Металург, а во кариерата стоеше на голот и на Пелистер. Со оглед на тоа што има 22 години кариерата е пред него и сигурно ќе има уште голем број на натпревари на кои ќе може да го докажува својот квалитет и секако да добие шанса и во сениорската репрезентација.
Среќен роденден, Никола Даниловски!


