Најдобриот стрелец на македонскиот вицепрвак Металург – Александер Шпенде, од неодамна има девојка од Македонија.
Словенецот дојде на средината на есенскиот дел од португалскиот тим Порто и одлично се адаптираше на условите во Металург.
Беше еден од најзаслужните за двете победи на тимот од Автокоманда во СЕХА лигата, а игра во одлична форма и на пријателските средби пред стартот на пролетната полусезона.
Шпенде од неодамна е во врска со десното крило на ЖРК Металург и македонската репрезентација, Марија Гајиќ, а на фотографиите што двајцата ги споделуваат на социјалните мрежи, изгледаат многу заљубено.





