За време на Светското првенство во Германија и Данска беше промовиран албумот со самолепливи сликички, во кој ги има звездите на Бундес тимот, женската репрезентација, како и сите играчи од Првата и Втората Бундес лига.
Меѓу нив се македонските интернационалци кои настапуваат за Вецлар, односно Рајн Некар Левен, Филип Миркуловски и Филип Талески.
Навивачите кои пасионирано го собираа албумот за време на Мундијалот, говореа дека Талески тешко се „паѓа“, додека поголем дел од нив веќе го „добија“ средниот бек кој се прости од националниот тим.








