
Во трката за најдобар додавач на Светското првенство, Кирил Лазаров далеку повеќе остана во битка за првото место, а пред него завршија само тројца ракометари и тоа од оние кои до крајот беа на Мундијалот.
Со 38 асистенции Лазаров е додавач број 4 на првенството, а со тоа уште еднаш е меѓу најдобрите. Прв асистент е Сандер Сагосен од Норвешка кој имаше одличен турнир, а зад него заврши ракометарот на Вардар, Игор Карачиќ.
Од другите репрезентативци на Македонија во топ 50 се најде само Филип Кузмановски. Со вкупно 18 додавања за погодок тој е на делба на 34. позиција.
АСИСТЕНЦИИ (ТОП 10)
47 – Сандер Сагосен (Норвешка)
41 – Игор Карачиќ (Хрватска)
39 – Фабијан Виде (Германија)
38 – Кирил Лазаров (Македонија)
37 – Микел Хансен (Данска)
35 – Домагој Дувњак (Хрватска)
35 – Расмус Лауге (Данска)
35 – Родриго Салинас (Чиле)
33 – Кристијан О’Саливен (Норвешка)
33 – Дмитри Житников (Русија)


